Еден од основачите на светски познатата гејминг-компанија „Ubisoft“, Клод Гијмо, загина во авионска несреќа во западна Франција. Во несреќата животот го загубил и неговиот инструктор по летање.
Според локалните власти, двомоторниот авион „Цесна 421“ се урнал во поле непосредно пред слетувањето на аеродромот Ла Бол на атлантскиот брег. И двајцата биле искусни и лиценцирани пилоти.
Гијмо заедно со своите четворица браќа ја основал „Ubisoft“ во 1986 година. Компанијата стои зад некои од најпознатите видеоигри во светот, меѓу кои „Assassin’s Creed“, „Just Dance“, „Rayman“ и серијалот „Tom Clancy“.
