Вести Свет Топ вести

Во израелски напад загина снимател на Ал Џезира

Најмалку шест лица загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои и снимател на телевизијата Ал Џезира, како и најмалку едно дете, соопштија локалните здравствени власти и спасувачки служби.

Телевизијата Ал Џезира соопшти дека нивниот снимател Ахмед Вишах бил убиен во напад врз куќа во централниот дел на Газа, оценувајќи го инцидентот како напад врз новинарите.

Израелската армија, пак, тврди дека Вишах бил припадник на военото крило на Хамас.

Меѓувреме, нови жртви се регистрирани и во други делови на Газа, и покрај прекинот на огнот кој стапи во сила минатата година.

Хуманитарните организации предупредуваат дека состојбата останува тешка, а голем дел од населението и натаму се соочува со недостиг од основни услови за живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Дејан Дејан

Клучни преговори во Швајцарија: САД и Иран повторно на маса

Дејан Дејан

Крвава ноќ во Запорожје: Петмина загинати во жестоки напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе