Вести Култура

Подигнат мостот РУТА по втор пат во Драмски театар

Синоќа во Драмски театар започна 16 издание на Фестивалот на регионалната унија на театри- РУТА. А, почетокот беше со премиера на претставата „ Фирма“, од страна на домаќините. Фестивалот го отвори министерката за култура, заблагодарувајќи му се на Драмски театар за, како што рече, подигнатиот мост за соработка во регионот преку РУТА.

Драмскиот театар ја започна новата сезона со премиера на претставата „ Фирма“, со која синоќа воедно беше отворен 16. Фестивал на регионалната унија на театри- РУТА, на кого театарот од „ Шекспирова“ бр.15, е домаќин по втор пат. Отворајќи го фестивалот, министерката за култура му се заблагодари на Драмски , што подигна мост за соработка во регионот преку РУТА и се осврна на темите од претставите, со кои настапуваат театри од Словенија до Македонија.

  • Ви благодарам што преку еден од најсилните медиуми во уметноста, а тоа е театарот, го подигнавте и го одржувате мостот, наречен РУТА. Ви благодарам што давајќи дел од себе не опоменувате и не потсетувате на последиците од алчноста, од отуѓеноста, од кусогледоста, од непромисленоста. Не потсетувате на повторливоста на смртоносните пандемии, на бавното ослободување на жената, на еволутивните слабости на човештвото- Бисера Костадиновска Стојчевска- министерка за култура.
  • Регионалната унија на театри и оваа година ја соочува публиката со репрезентативни остварувања на секој од театрите, членки на РУТА. Во природата на театарските работници е да творат низ широки културни простори, во кои ќе можат да се докажуваат , да се споредуваат и да соработуваат- Викторија Рангелова Петровска, в.д. директорка на Драмски театар.

Тегобност и апсурд до хумор, се главните белези од атмосферата на камерната претстава „ Фирма“, која по текстот на германскиот драматичар Роланд Шимелфениг ја постави режисерката Нела Витошевиќ. Претставата се осврнува на конфикти меѓу колеги во IT корпорација, кои бескруполозно се борат за повисока позиција на работното место.

  • Ја конципирав претставата да биде како една ринг- арена, во која што ликовите имаат конкретен противник , но многу често тие самите на себе си се противници- Нела Витошевиќ- режисерка.
  • Односно, што прави капитализмот од нас. Сето тоа брзање за да се стигне некаде, целата таа амбиција за да се постигне повеќе, за да се заработи повеќе, запоставувањето на себе си , на луѓето околу нас- Сања Арсовска- актерка.

На РУТА вечерва изведба на „ Декамерон“  од Бокачо, во режија на Дејан Пројковски, работена како копродукција меѓу Градскиот театар од Подгорица, Народниот театар од Ниш и фестивалот Барски летопис.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе