Вести Економија Топ вести

Бислимовски: На над 60.000 домаќинства им се заканува ценовно цунами

Ако не се постави новиот топловод на мостот Беласица, граѓаните ќе се соочат со високи цени за парното греење, предупреди првиот регулатор Бислимовски.

Цврсто стои на ставот дека одлука за нова цена на парното нема да се носи додека надлежните не ги постават новите цевки, за да може да се користи  енергијата од ТЕ-ТО, која е поевтина од другiте топлани.

Додека не добиеме цврсто убедување дека ќе се постави, нема да има одлука. Доста беше заради нечии преписки тоа да оди на грбот на граѓаните, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Тој не сакаше да открие дали при носењето на новата одлука парното би поскапело. Но уверува дека нема да дозволи ценовен шок. Вели дека 30% од сметката за топлинска енергија е субвенционирана, и каква би била новата цена ќе зависи и од тоа дали повторно ќе има владина помош.

Треба да се знае дека при носење на оваа одлука, треба да се вратат и 6 милиони евра позајмица на Владата. Дали тоа ќе биде веднаш или ќе се договори да биде за период од две или три години ќе видиме, додава Бислимовски.

Според информации од Влада, субвенции за топлинска енергија ќе има и во новата грејна сезона. Колку пари ќе бидат потребни ќе зависи од новата цена на парното.

Додека не се донесе нова цена граѓаните ќе ја плаќаат старата. Новата цена на парното требаше да се донесе на крајот на јули, но поради проблеми, односно долгови меѓу компаниите и Владата, и оштетениот топловод се одлучи одлуката да биде одложена за да нема ценовен шок.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Еден активен, еден под контрола, седум изгаснати – денеска се регистрирани девет пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе