Вести Култура

Парите од сопствената сметка на Агенцијата за филм поради ребалансот привремено невидливи

Со ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура, ресорот Култура ќе добие пари по одредени ставки, а тоа значи дека буџетот на Агенција за филм не е скратен. Ова утрово министерката за култура им го кажала на филмските работници по најавите од нив дека ќе им бидат скратени 10 милиони денари и дека нема да можат да ги користат парите од сопствената сметка. Тие пари, кажа министерката само привремено се невидливи.  Малку пари од таа сметка биле потрошени и дека од Агенцијата не испратиле до министерството план, за исплата во последниве месеци.

Министерката Костадиновска- Стојчевска покажувајќи ги буџетската и сопствената сметка на Агенцијата за филм кажа дека при ребаланс, само неискористените средства се привремено невидливи додека трае расправата за прераспределбата на парите во Собранието. А, на сопствената сметка на Агенцијата, која е во надлежност на директорот, имало малку потрошени средства и дека не бил испратен до министерството план за исплата последниве два месеци. А, последниот стигнал на 14 септември.

Од таа сметка одредени средства во овој момент само тие не можат да ги видат дури трае расправата за прераспределбата во Собрание. Тие стојат како сметка на страна. Но, она што јас го видов утринава, тие го имаат испратено планот на четиринаесети . Има уште пари таму , што треба да се исплатат. Реализацијата на таа сметка е помала од 30%, кажа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

За буџетската сметка на Агенцијата за филм, која министерствата за култура и финансии можат да ја гледаат и да ја менаџираат , 97% од парите се потрошени и остануваат меѓу 10 и 13 милиони денари. Таа рече дека за подготвените проекти навреме, а не дури до декември, ќе бидат обезбедени пари, како што стравуваа филмските работници.

Секој филмски проект, а тоа и на нив им го кажав утрово, кој што е спремен за реализација, за фазата снимање, во која се трошат најголем дел од парите, за кој е комплетирана целата документација и се обезбедени средства од копродуценти и имаат доставено банкарска гаранција до Агенцијата за филм , ќе бидат дообезбедени финансиски средства, кажа министерката Костадиновска-Стојчевска.

И од Агенцијата за филм, за Телма кажаа дека на состанокот добиле уверување дека парите од сопствената сметка ќе им бидат вратени и дека ќе има доисплата на средства за филмовите кои се пред снимање, веќе од утре.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе