Вести Култура

Нема да се крати буџетот за филмска дејност со ребалансот на буџетот, но доцни исплатата за септември за Агенцијата за филм

Буџетот за филмска дејност нема да се крати со ребалансот на буџетот, кој е во собраниска процедура. Вакво уверување добил директорот на Агенцијата за филм во телефонски разговор со министерката за култура . Лазаревски за Телма открива дека по повеќе обиди, вчера му било кажано дека не им се исплатени парите за септември. Но тој нема официјални информации за каква прераспределба на средставата ќе има по ребалансот на буџетот. Филмаџиите вчера, а и денеска побараа исплата на парите веднаш, а од министерството го повторија ставот дека ќе бидат исплатени до крајот на буџетската година.

Аларм за кратење на средствата за 10 милиони денари со ребалансот на буџетот, кој е во собраниска процедура, од Секторот за финансии во Министерството за култура , минатата недела, ги кренал на нозе вработените во Агенцијата за филм. Од министерството добиле и прашање дали веќе им пристигнал анексот на договорот за реализација на буџетот за оваа година, олеснет за таа сума, вели директорот на Агенцијата. Тој по повеќе обиди барајќи еден конкретен, добил друг одговор од министерството.

  • Од средата до вчера- понеделник, се обидов неколку пати да стапан во контакт со дел од кабинетот на министерката. Со дел од луѓето што исконтактирав немаа информации за било какво кратење. Имаа информации дека тие средства што биле планирани , да ни бидат исплатени за месец септември не ни се исплатени. Значи немаа официјални информации- Бојан Лазаревски – директор на Агенцијата за филм.

Изјавата на Лазаревски доаѓа по вчерашното отворено писмо од 53 филмски работници до Министерството за култура. Во него тие наведоа дека неофицијално дознале за предлогот на ресорот Култура до владата, за кратење на буџетот за филмска дејност со ребалансот, изготвен без консултации со Агенцијата за филм и дека нема да биде дозволено користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата, на која се собираат пари од различни извори. Лазаревски го разбира револтот на филмаџиите. Вели, во изминативе 4 години поради пандемијата со ковид 19 и енергетската криза, по основ на буџет и ребаланс на буџет им биле скратени 116 милиони денари, а по основ на планиран буџет -170 милиони денари. Тој сепак стапил во контакт  со министерката за култура, од која добил уверување дека нема да има никакво кратење на буџетот , туку дека по ребалансот ќе има прераспределба на средствата и исплати.

  • Сеуште немаме официјални информации за каков тип на распределба на средствата се работи- Бојан Лазаревски- директор на Агенцијата за филм.

Тој се надева дека во најбрз рок ќе ги добијат парите зашто за два филмски проекти во кои Македонија е копродуцент , дел од странските екипи веќе пристигнале во земјава и се прават подготовки пред продукцијата. А филмаџиите, денеска 70 потпишани , во ново писмо бараат исплата на средствада веднаш, а не до или по Нова година, како што кажаа од министерството вчера.

А, од министерството денеска го повторија ставот дека кратење на средствата нема да има. Филмските работници да не потпаѓаат на непроверени информаии и манипулации и дека до крајот на буџетската година ќе бидат превземени сите активности за исплата на обврските согласно склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе