Вести Култура

Со промоција на романот „Мина“ на Игор Анѓелков, започна седмото издание на фестивалот Арт Ареа

Романот „Мина“ од Игор Анѓелков не е само продолжување, туку и заокружување, круна на севкупниот негов книжевен опус. Книга пишувана со непретенциозен, питок стил на пишување и наспроти таа едноставност на стилот, разоткрива многуслојност и  длабокомислечки теми, забележа Мартиноска за најновиот роман на Анѓелков.

„За првпат тој има едни главни женски ликови, насловната Мина, една ретка жена со ретко име, која е еден вид мост на генерациите во неговото семејство, меѓутоа во исто време и некаква парадигма за почетоците на еманципацијата на жените на нашите простори, но и неколку други силни женски ликови, што е новина во неговото писмо“, изјави Ана Мартиноска.

Во романот „Мина“ се испреплетуваат повеќе наративни нишки, како тој како писател размислува за создавањето на сопственото творештво, за тоа како се станува писател и што значи да се биде писател.

„Кога ќе се навратам наназад всушност јас „Мина“ ја пишувам целиот свој живот, затоа што се повикав на сеќавањата. Сеќавањата се онаа материја која е најпосакувана и најповикувана кај секој писател. Меѓутоа сеќавањата веројатно не ми беа доволни како провокација за да успеам да дефинирам еден книжевен став како сето тоа да изгледа внатре и направив и втора наративна линија, а до неа дојдов поставувајќи си ги прашањата кои веројатно не само во книжевноста, туку и во уметноста си ги поставуваат авторите: кој сум јас, како стигнав до овој момент и зошто ова што се случува околу мене се случува на таков начин“, изјави Игор Анѓелков, автор на романот. 

Со промоцијата на романот „Мина“ на Игор Анѓелков во издание на „ИЛИ – ИЛИ“  вечерва започна седмото издание на фестивалот „Арт Ареа “ кој ќе трае до 17 септември и се одржува во кафе -книжарницата „Буква“ и во МКЦ, претставува тридневен книжевно-мултимедијален комплекс од настани со фокус на градот Скопје.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе