Вести Култура

Филмот на Теона Стругар Митевска „Мајка- можна приказна за мајка Тереза“ доби најмногу пари од Агенцијата за филм

Филмот на режисерката Теона Струга Митевска „Мајка-можната приказна за мајка Тереза“ е единствениот долгометражен игран филм со домашен мнозински удел кој го поддржа Агенцијата за филм во првиот рок на одлучување за годинава. За филмот се одобрени 37 милиони денари или околу 600.000 евра. За претходниот филм на Стругар- Митевска „Најсреќиот човек на светот“, кој годинава е вклучен во селекцијата за Европските филмски награди, Агенцијата за филм во првиот рок на одлучување во 2020 година му одобри 30 милиони денари или 486.000 евра, колку што доби и филмот на Милчо Манчевски „Кајмак“.

Вкупно, за сите 24 одобрени проекти за долгометражни, краткометражни, играни, документарни и анимирани филмови во првиот рок, Агенцијата за филм ќе издвои 87 милиони и 500 илјади денари или 1 милион 418 илјади евра. Оваа сума е помала од лани, кога за одобрените проекти во првиот рок Агенцијата издвои околу 103 милиони денари или околу 1 милион 667 илјади евра. Според директорот Лазаревски, годинава одобриле помалку пари во првиот рок на одлучување зашто не знаат дали ќе бидат опфатени со престојниот ребаланс на буџетот, како што беа и лани.

„Оваа година исто така е најавен реаланс на буџетот и бидејќи не знаеме дали ќе бидеме опфатени со евентуалното кратење на средствата, приоритет како институција ни е да не се кратат парите за филмови за оваа година. Дополнително, приоритет ни е буџетот во 2024 година да биде поголем, со цел поголема комоција при одобрувањето на финансиската поддршка на филмовите“, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Во категоријата долгометражни играни филмови со македонски малцински удел или копродукции со учество на Македонија, Агенцијата одобри осум филмови. Најмногу пари – 3 милиони и 400 илјади денари му се доделени на Марко Небершник од Словенија за филмот „Бело се пере на 90 степени“. А, познатиот хрватски режисер Рајко Грлиќ за остварувањето „На сè ќе дојде крај“, ќе добие еден милион денари помалку. Во истата категорија е и филмот „Хатиџе и Шабан“ на косовскиот режисер Висар Морина, со одобрени 3 милиони денари. Зад проектот стои „Лист продукција“, која ќе добие плус 3 милиони и 300 илјади денари за краткиот игран филм „Може да се случи секому“, во режија и по сценарио на Лидија Мојсовска.

Долгометражни документарци со по 2 милиони денари ќе режираат Анета Лешниковска и Марија Џиџева. Сумите за дебитантските кратки играни филмови се од 1 милион и 700 илјади денари до 1 милион. Ќе ги режираат Душан Ефремов, Мурат Жерка и Арбен Фејзулаи. Агенцијата за филм ќе финансира и 3 кратки анимирани филмови со средства од 1 милион и 900 илјади до 1 милион и 700 илјади денари.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе