Вести Култура

Чествување на важни јубилеи, ќе се зборува и за вештачката интелигенција – утре почнуваат 62-те „Струшки вечери на поезија“

Се прават последните подготовки за отворање на 62-те „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), најголемиот поетски фестивал во земјава, но и пошироко, кој ќе се одри од 24 до 28 август. Организаторите најавуваат богата програма, со учество на 25 странски и 40 домашни поети од сите генерации. Покрај читањето поезија, портретите и врачувањето на признанијата на годинашниот венценосец академик Влада Урошевиќ и на добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ – Димитар Башевски и Гевин Бредли, годинава фестивалот има новитети.

Ќе бидат одбележани важни јубилеи на нашиот поет Ацо Шопов и на унгарскиот, Шандор Петефи, а преку мотото на ова издание „ Чувствотворен јазик“, поетскиот ќе се поврзе со јазикот на актуелната вештачка интелигенција.

„Во програмата на „ Струшките вечери“ оваа година е предвидена тркалезна маса на тема „ Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“, за која веќе се пријавени учесниците и очекувам да има голем интерес. Оваа година , во рамките на програмата на јубилејното одбележување на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, се предвидени неколку содржини: Започнуваме со изложбата на фотографии, поврзани со учеството на Ацо Шопов на СВП и неговиот огромен  продонес за основање и развој на фестивалот. Исто така, имаме промоции на три преведени изданија на Ацо Шопов на полски, арапски и англиски. Во соработка со унгарската амасада подготвуваме изложба за 200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, изјави Тодорче Тасевски, директор на СВП.

Но, не сите стружани ја прифаќаат годинашната програма на СВП. Писателот Наум Бајо преку социјалните мрежи бара разрешување на директорот Тодорче Тасевски, зашто како што вели, ја шетал програмата низ државата. А, Тасевски вели нападите се лаги, мотивирани од лични интереси.

„Тие што ја почнуваат оваа кампања многу добро знаат дека секоја година портретот на лауреатот  на „Струшките вечери“ се одржува во црквата „Света Софија“ во Охрид, многу добро знаат дека завршното читање е во Скопје, многу добро знаат дека не само оваа година, туку и во изминатите изданија постои програмска содржина „Поезија на пат“, која се одвива во повеќе градови и која има за цел промоција на „Струшките вечери“ низ целата земја“, одговори Тасевски.

На заминување, покрај Скопје, поети од СВП попатно ќе го посетат и Крушево. Во градот на Дрим ќе настапат и избрани поети од платформата „Версополис“, а ќе биде промовирана антологијата „ Ново раѓање на зборот“ , со творби од најмладите македонски поети.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе