Вести Култура

Почина Тото Кутуњо

Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо почина денеска во 80-та година од животот. Кутуњо, како што пренесуваат италијанските медиуми, почина во болница во Милано, каде беше хоспитализиран во изминатите месеци поради влошена здравствена состојба. Веста за смртта на музичарот ја потврди и неговиот менаџер.

Кутуњо започна самостојна музичка кариера во 1976 година. Музиката беше негова љубов повеќе децении во кои постигна и бројни успеси. Победи на бројни натпреварувања и фестивали ширум Италија, а победи и на Евровизија во Загреб во 1990 година со песната „Инсиеме“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе