Вести Култура

(ВИДЕО) Со изведба на македонските евергрин композици започна дводневниот проект „Скопје во пет и седумнаесет“

Со изведба на македонските евергрин композици во паркот „Ибни Пајко„ настап на Здружението на Џез музичари, Драган Мијалковски, Џон Илија Апелгрин, Светлана Јовановска и Андријана Јаневска и официјално започна дводневниот проект „Скопје во пет и седумнаесет“, во рамките на  одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

Со низа културни настани на повеќе локации во градот: во Музејот на современа уметност, во Музејот на град Скопје, во Кинотеката на Македонија, во Културно-информативниот центар и денес продолжува проектот „Скопје во пет и седумнаесет“.

-За жал многу луѓе ги загубиле животите тоа кобно утро, но има и голем број кои останале живи и потоа се случи една вистинска солидарност од цел свет нешто што во ова време се заборава што значи да се биде човек и да се биде солидарен. Не смееме да го заборавиме тоа, не смееме да заборавиме дека сме многу мали и дека може за една секунда да не снема од оваа планета, така што јас посакувам сите да се почитуваме и да се сакаме повеќе дека животот навистина може да биде ништо- изјави Џијан Емин, диригент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Висок ризик со играчки и електроника -ЕУ го казни „Тему“ 200 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе