Вести Култура

Синдикатот за култура бара целосна имплементација на Националната стратегија за култура

Претходната Национална стратегија за развој на културата не беше имплементирана во целост, затоа бараме оваа да биде комплетно спроведена и во предвидениот рок. Ова го кажаа од Синдикатот за култура на денешната јавна расправа за Предлог- Националната стратегија за култура , за периодот 2023- 2027 година. Министерката за култура Костадиновска –Стојчевска кажа дека секој министер, во чиј мандат е донесен ваков документ , има обврска заедно со останатите надлежни да го спроведе во целост тоа што тој го содржи. Според министерката, еден од приоритетите на новиот Предлог- Законот за култура и на Националната стратегија за култура , е вработувањето на младите зашто постои дефицит на кадри во културата.

„Како синдикат бараме истата да биде спроведена во рокот, кој што е превиден, бидејќи го имаме искуството од минатата стратегија која никогаш не беше во целост спроведена“, изјави Вера Атанасовска- претседател на СКРМ.

„И предлог- Законот за култура, но и Стратегијата предвидуваат некои измени во Законот за волонтерство , за да можеме тој вакум период што до сега се бараше со петгодишно работно искуство да го надминеме. Дали тоа ќе биде со волонтерство, или со летни школи, или со какво било друго ангажирање на студентите во оние институции за кои тие се квалификувани. Сметам дека доколку останеме на ваквиот начин  на организација на работните места дека тој вакум период од 5 години, кој што се бара за најпочетното ниво за влез во една институција, ќе направи младите повторно да избегаат надвор од државата. Мој приоритет и приоритет на Владата е да ги задржиме младите тука , бидејќи во областа Култура се соочуваме со страшен дефицит на стручен кадар“, изјави Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе