Вести Култура

Предлог- законот за култура да се повлече и доуреди, бараат од СОНК

Повлекување и доуредување на Предлог- законот за култура , бараат од Работната група, формирана за овој закон при СОНК. Од таму во соопштение до јавноста велат дека имаат повеќе забелешки на текстот кои не се земени предвид, но се земени предвид барањата на поединци и лоби групи. Затоа од СОНК сметаат дека ваквиот закон нема да ги реши наталожените проблеми во културата , дека остава простор за манипулација и дека со него нема да се постигне современа правна рамка.

  • Има забелешки кои се однесуваат на децентрализацијата на националните институции, нејасно дефинирање на дејности, немање категоризација на институции. Законот нема јасно дефинирање на статусот на носители на дејност и стручен помошно-технички кадар, на начинот на добивање и стекнување на стручно звање, распоредување на вработените на соодветно стручно звање итн.

Од СОНК велат дека не учествувале во изготвувањето, туку во ревидирањето на Прелог- законот за култура и дека на последната средба со Министерството за култура било договорено финалната верзија на текстот да биде споделена во Работната група, но верзијата без најава била поставена на ЕНЕР и се одржала јавна расправа на која тие не биле поканети за учество.

Од Министерството за култура велат дека во изработката на Предлог- законот за културата во континуитет учествувале престваници од СОНК и дека  министерството се залага Законот за културата да биде донесен во транспарентна  постапка. Со оглед на тоа што  Предлог- законот е се уште во фаза на јавни консултации, Министерството за култура го повикува СОНК да достави писмени забелешки. Сите пристигнати забелешки, предлози и мислења  ќе бидат разгледани од Работната група во која членуваат и преставници на СОНК, дополнуваат од ресорот Култура.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе