Вести Култура

„МакеДокс“ почна со обуката на петтата генерација „Докуникулци“

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ почна со обуката на петтата генерација „Докуникулци“ кои се дел од работилницата за креативен документарен филм. Првата сесија на работилницата се одржа од 10 до 14 јули на Пониква, а предавач беше монтажерот Мартин Иванов. Во петтата генерација „Докуникулци“ се одбрани 10 средношколци.

  • Тоа е прва иницијална сесија на која учесниците се запознаваат првпат меѓу себе и со менторот. На првата средба се запознаваа со основите на документарниот филм и што значи да се снима документарен филм. Сите презентираа свои идеи и преку групна работа се дискутираше за идеите на секој учесник. Учесниците на работилницата имаа по две сесии дневно, а навечер имаа проекции на документарни филмови – објасни Сара Ферро од „МакеДокс“.

Работилницата е распоредена во четири сесии и следните ќе се случуваат во август (8 дена за време на филмскиот фестивал „МакеДокс“ од 17 до 24 август во Скопје) и две есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена). Од септември докуникулците ќе почнат да работат на три одбрани идеи за кратки документарни филмови, кои ќе треба да ги завршат до август следната година.

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ги споделуваат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и филмски пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци.

Проектот е реализиран со поддршка од Националната фондација за демократија од Вашингтон – НЕД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе