Вести Култура

Не стивнуваат реакциите за новиот Предлог закон за култура

Фер регулатива при распределба на средствата на институциите, јасни критериуми при изборот на директори, се дел од барањата на Синдикатот за култура во однос на новиот Предлог- закон за култура. Бараат да останат сите нивни забелешки во постоечкиот предлог закон за кој се одржа и првата јавна расправа.

Поголема отчетност и увид пред вработените и јавноста со финансиското работење на институциите од културата,појасна и фер регулатива при распределбата на сопствените средства на институциите, построги критериуми при изборот на директори, учество на вработените по предлог на Синдикатот во органите на управа на нивните институции како што се управните одбори, фер услови при евентуална децентрализација на Националните установи, вели претседателката на скрм вера атанасовска.

Министерката за култура им порача дека имаат доволно време да ги посочат сите свои забелешки, имајќи ги предвид и оние за децентрализацијата на националните институции и валоризација на стручните звања.

Времето за доставување на забелешки е се уште активно. Ова е само прв чекор од многуте кои ќе ги поминеме, се додека не добиеме Закон за култура кој што го регулира функционирањето на институциите, да го регулира изборот на директори транспарентниот начин на избор на комисии што ќе одлучуваат по тој повик за јавен и национален интерес, токму затоа се решивме да биде Предлог закон за култура, рече министерката костадиновска – стојчевска.

Во врска со реакциите на опозициската ВМРО- ДПМНЕ дека Власта со Предлог законот за култура го брише националниот интерес како категорија и зборот македонска култура, Костадиновска Стојчевска со став :

Треба да излеземе од таа матрица дека некој нешто сака да направи да избрише од Законот за култура, бидејќи Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес и јавен интерес е едно, дефинирањето на национален и јавен интерес е сосема друго, а ова е Закон за култура кој што го регулира целосното функционирање на сите активни чинители во областа култура и сметам дека како таков треба да остане, рече министерката.

Новина во Законот е министерот за култура да може да склучи и посебен договор/програма за повеќегодишно финансирање на одреден проект или активност на националната установа во согласност со Законот за буџетите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе