Вести Економија

Владата одлучува за цената на струјата

Владата денеска на седница ќе одлучува за цената на струјата на ЕСМ. Пресметките на државните електрани покажуваат  дека долку  мегават час чини околу  70 евра компанијата   не би работела ниту со добивка ниту со загуба туку би била на нула.  Сегашната цена е 56 евра. Дали Владата ќе ја зголеми цената за мегават час на електрани или пак ќе оди под овој износ,  ќе  се решава на седница.

Во петок  е тендерот на ЕВН ХОУМ на кој ЕСМ треба да ја достави својата понуда, по која цена ќе ја  продава својата струја. Во меѓувреме се уште се разгледуваат пресметките на енергетските компании во регулаторната  комисија. Сепак, учеството на Електродистрибуција, Мемо и Мепсо во крајната цена е многу помало. Најмногу какви сметки ќе плаќаат граѓаните од први јули, ќе зависи од цената на ЕСМ. Она што веќе се знае  е дека ДДВ за струја ќе скокне од сегашните 10 на 18 отсто.

Се  разгледува и во кој два часа од денот граѓаните повторно би имале можност да ја користата евтината струја.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе