Вести Економија

Ограничените маржи важат до 30 јуни, експертите со порака – мерката не треба да се продолжи, резултати нема

За десетина дена истекува мерката со која се ограничија маржите за одредени производи. Дел од експертите сметаат – ваквата одлука не треба да продолжи. Нивните проценки се дека мерката во најтешкиот период не дала некои значајни резулати. Сега, состојбите на глобално ниво полека се стабилираат, затоа ограничувањата треба да се повлечат и да се остават пазарите самите да ги диктираат цените.

„Мерките не дадоа некој значајни резулати на против имаше ситуација кога се укинаа некој мерката за маслото на пример, тогаш неговата цена се намали. После 30 јуни мислам дека не треба да се продолжи со маржите.  Влегуваме во една ситуација на некое урамнотежување на пазарите  и да ги оставиме  слободно да ги диктираат  цените, а  ние треба да работиме на инвестиции во наши производи за понатаму да не ги чувствуваме последиците  од ваквите кризи“, вели за Телма професорот Абил Бауш.

Според Бауш, благото намалувањето на инфлацијата не е резултат на мерките, туку поради глобалните случувања.

„Иако, инфлацијата е намалена тоа е затоа што се намалени цените на енергенсите и поради стабилизација на глобалните пазари. Мене ме загрижува тоа што ние не ја достигнуваме стапката во  европските земји, но и на некој држави околу нас со исклучок на Унгарија“, додава Бауш.

Ограничените маржи на основните производи важат до 30 јуни. Дали мерката ќе се продолжи или не, треба Владата да пресече. Оваа мерка се воведе за да се влијае на растот на цените, а со тоа и на инфлацијата.

Според последните податоци на статистика, таа во мај, во споредба со мај лани, е зголемена за 11,3 отсто. Владините очекувања се во јуни да падне под 10 проценти. Освен ограничени маржи, претходно се донесоа и други мерки како превенција за растот на цените, но некои трговци одлучија да ги заобиколат, а пазарните инспектори при контролите утврдија низа неправилнсоти во нивната примена.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе