Вести Економија Топ вести

Самсоненко го зголеми уделот во „Жито Полог“ – рускиот бизнисмен сега поседува, речиси, 20 отсто од компанијата

Сергеј Самсоненко стана сопственик на нови 2.469 обични акции со право на глас во „Жито Полог“. Информацијата ја сподели тетовската компанија која во најавата ја опиша како „ценовно чувствителна“, со што рускиот бизнисмен сега има вкупно 11.119 обични акции или 19,86 отсто во структурата на „Жито Полог“ АД.

Во извештајот за промена на сопственоста, кој е доставен до Македонска берза, е наведено и дека  Златко Пирузе продал 6.417 обични акции со право на глас. Со тоа, тој повеќе не поседува акции од „Жито Полог“.

Исто така, 6.417 обични  акции со право на глас се купени и од Друштвото за реклама, маркетинг, трговија и услуги „Лид Комјуникејшнс“ ДОО Скопје. Тоа претставува 11,46 отсто од вкупниот број издадени акции.

Воедно, Друштвото за трговија, производство и услуги „АС Сењак“ увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ извршило продажба на 2.469 обични акции со право на глас. Сега во своја сопственост има 7.679 обични акции, што е 13,71 процент од вкупниот број издадени акции на „Жито Полог“ од Тетово.

Инаку, според состојбата од минатиот месец, кога беше објавен јавниот повик за одржување на акционерското собрание, „Жито Полог“ има издадено 55.997 акции, а поседува 5.499 сопствени акции. Вкупниот број на обични акции со право на глас е 50.498.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе