Вести Македонија

(живо)Бујар Османи: За првпат идејата за внесување на Бугарите во Уставот ја слушнав од висок претставник на ВМРО – ДПМНЕ

„Во процедура се уставните измени, комисијата веќе ги одобри. Најважен ми беше моментумот уставните измени да се објават граѓаните да ги прочитаат и на тој начин сите приказни во јавноста дека со уставните нешто ќе се загрози во однос на идентитет“, вели Бујар Османи, шефот на македонската дипломатија во Топ Тема на Телма.

Според него овој предлог на уставнми измени кои ги предложи комисијата всушност покажа дека на најдобар начин се штитит нашите позиции во однос на малцинската група Бугари во Македонија во однос и на останатите заедници.

  • Дали ќе се чека утрешната лидерска средба за тие да бидат поминати влада и потоа испратени во собрание?

„Би било добро да има позитивен исход таа средба, во спротивно опозицијата би испуштила историска шанса барем еднаш во поновата историја на оваа држава да придонесе во важни државни процеси кои носат стабилност и иднина“, вели Османи.

Тој истакна дека за првпат идејата за внесување на Бугарите во Уставот тој ја слушнал од висок претставник на ВМРО – ДПМНЕ и „така е родена таа идеја за решавање на односите со Бугарија“, без да открие за кого точно станува збор.

„Но, сега опозицијата користи пропаганда и конспирација и лажни вести“, вели Османи.

-Дали тоа ќе биде последен услов?

„Условите се во преговарачката рамка не може Бугарија да додава нешто“, тврди Османи.

Тој потсети дека во ноември си заминува Албанија, а ние влегуваме во период на кршење на европскиот кредибилитет кај граѓаните. „

Во услови на беспеспективност се влегува во фаза на национализам. Без прогресивна идеја националистичката ќе доминира“, смета Османи.

Топ Тема можете да ја гледате на следниот линк

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе