Вести Економија Топ вести

Цената на мегаватот на ЕСМ кон ЕВН Хоум е клучна колку ќе биде поскапувањето на струјата

Колку ќе биде поскапувањето на струјата ќе се знае откако ЕСМ ќе ја оформи цената на мегават час струја по која ќе ја испорачува на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Тоа ќе се случи идната недела, кога и истекува рокот кој Владата го даде на државното претпријатите, а потоа предлог цената ќе се разгледува на затворена седница. Тендерите на ЕВН Хоум на кои ќе учествува ЕСМ се кон средината на месецот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди дека од ЕСМ немаат добиено предлог цена за мегават час

Од страна на ЕСМ уште не е доставена информација до Владата која треба да утврди цена со која ЕСМ ќе учествува на тендерот на ЕВН Хоум. Цената која ја нуди ЕСМ кон ЕВН Хоум се разгледува на затворена седница на Владата. Откако ќе имаат барање од страна на ЕСМ ќе бидете известени но тоа ќе боиде согласно интересите на граѓаните и државата, објасни министерот Бектеши.

Тој смета дека нема да има зголемување од 13 отсто на цената на струјата бидејќи праксата покажува дека регулаторната комисија никогаш не ги прифатила во целот барањата на енергетските оператори. МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција ги доставија своите пресметки до регулаторите во кои бараат покачување на услугите за транспорт на електричната енергија во висина од 30 до 80 отсто, но и доколку се прифатат тие не влијаат многу врз конечната цена.

Претходната година енергетските компании бараа зголемување од 78 отсто а некои и двојно повеќе. Не е важно колку бараат тие. 13 отсто зголемување кое е барање од страна на енергетските компании најверојатно нема да се прифати, изјави министерот Бектеши.

Владатанајави и ревидирање на ДДВ-то од сегашните 10 на 18 отсто, односно враќање на висината на ДДВ-то пред екот на енергетска криза и тие 8 отсто би влеге во конечната цена на струјата за граѓаните.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе