Вести Економија Топ вести

(видео) Од утре стапува на сила одлуката за одмрзнување на цените – граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Од утре стапува на сила одлуката на Владата да биде повлечена мерката за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи..

Власта смета дека во моментов нема место за големи ценовни осцилации бидејќи според нив во моментов цените на некои од производите се пониски дури и од долната утврдена граница со одлуката за замрзнати цени… Сепак велат дека ќе продолжат будно да ја следат ситуацијата и доколку забележат злоупотреби повторно ќе употребат меканизми за да ги спречат… Ваквата одлука ја правдаат со падот на инфлацијата кој за годинава очекуваат да биде едноцифрена… Најавија и дека од први јули ќе се врати ДДВто од 18 проценти на струјата но уверуваат дека нема да има поскапување кое ќе падне врз грбот на крајните потошувачи како и дека деновиве се очекува одлука со која би се вратила дневната евтина тарифа… Според дел од експертите одлуката за одмрзнување на цените е уранета и дека цените на производите требало да останат замрзнати уште неколку месеци.

Граѓаните со поделени мислења, дел мислат дека нема да има нови поскапувања, дел стравуваат од нови ценовни шокови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе