Кошарка Спорт

Бостон победи, но Мајами и натаму води со 3-2 во финалето на Истокот

Бостон продолжува да се бори против елиминација во Источното финале во НБА-лигата и од 0-3 негатива против Мајами сега резултатот во победи е 2-3.

Селтикс го искористија домашниот терен на петтиот натпревар и славеа со 110-97. Со оваа победа Бостон е близу да направи историја во НБА-лигата односно ако успее да го елиминира Мајами ќе биде првиот тим што успеал да се врати од 3-0 негатива.

Дерик Вајт имаше 24 поени за домашниот тим, Маркус Смарт еден помалку, а Џелјен Браун и Џејсон Тејтум финишираа со по 21 поен. Данкан Робинсон со 18 поени беше најдобар кај Мајами, 16 имаше Бам Адебајо, додека првата ѕвезда Џими Батлер запиша само 14 поени.

Следниот шести натпревар се игра во Мајами во недела во 2:30 часот по полноќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе