Спорт Фудбал

Милан договори две нови засилувања

Милан на стартот на летниот преоден рок се подготвува да промовира две нови засилувања за идната сезона. Првиот фудбалер е Даичи Камада, кој треба  да потпише договор како слободен агент од Ајнтрахт Франкфурт. Второто летно засилување ќе биде голманот Марко Спортиело од Аталанта.

Камада е на „радарот“ на „росонерите“ веќе подолго време и ќе биде идеално засилување за тренерот Стефано Пиоли, бидејќи игра на неколку позиции во среднот ред, но може да помогне и во нападот. Има 27 години, а изминатата сезона постигна девет голови и шест асистенции на 31 натпревар во Бундеслигата.

Спортиело доаѓа да биде резервен голман во Милан, како подршка за Мајк Мењон, кој е неприкосновен број 1. Искусниот чувар на мрежата ги договори условите со Милан уште во месец февруари годинава и ќе пристигне на „Сан Сиро“ како слободен агент исто како и Камада.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе