Вести Македонија

Град Скопје: Исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли на „Железнички Мост“ во општина Карпош

Кривична пријава од град Скопје и општина Карпош против непознат сторител поради уништување на јавен имот и саботажа, откако на т.н „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта биле исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки“ – се вели во соопштението од град Скопје.

Истовремено, се испраќа апел до сите институции да ги превземат сите неопходни мерки, како што се вели, за да се спречи ваквата појава, но и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе