Економија Македонија Топ вести

Има и министри со речиси 80% поголеми плати, најплатен министер е Спасовски

Министерот за внатрешни работи во јавноста соопшти дека неговата нова плата, по одлуката на Уставниот суд, изнесува „околу 153 илјади денари“.

Спасовски е најплатен министер поради додатокот за ризик кој го добива и единствен со таква „привилегија“ во кабинетот на Ковачевски.

На веб сајтот на МВР стои податокот дека неговата нето плата е 85.113 денари, што значи дека Спасовски добил покачување од околу 67 илјади денари (1.100 евра) или во проценти априлската плата му е за 79,7 % повисока од февруарската (во март функционерите добија 8 дена плата по новите повисоки параметри).

Платата од 85.113 денари ја земал Спасовски и на крајот на 2020-тата година што значи дека во меѓувреме, за две години му се покачила за уште 1 процент од стаж ( 0,5% за секоја година стаж) или земал околу 86 илјади денари пред покачувањето. Но, таа бројка не е впишана на веб сајтот на МВР. Со 86 илјади денари нето плата, покачувањето на Спасовски е 77,9% односно приближно на пресметките на Синдикатот по одлуката на Уставниот суд.

Во Министерството за одбрана, ги објавуваат секој месец платите, а последната е податок од 13-ти април оваа година. Министерката Славјанка Петровска добила плата од околу 70.500 денари, но највисока во одбраната и армијата има началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски чија плата за март (со 8 дена покачена плата) изнесувала 94.465 денари. Новите плати во МО и АРМ се уште не се објавени.

За разлика од вицепремиерот Груби кој рече дека имал најмала плата од сите членови на владата и министерот за земјоделство Николовски кој тврдеше дека не знае колкава му е платата затоа што во Брисел ги изгубил картичките, министерот кој им одобрува пари за повисоки плати откри колку зел плата по ново.

Министерот за финансии Фатмир Бесими има покачување од 77%, рече дека земал 71.145 денари, а сега зема над две илјади евра односно 125.960 денари.

За разлика од покачувањето на министерските плати, Бесими не поддржува зголемување на платите во администрацијата. Зошто и што бара синдикатот во Вестите во 15:30, 18:30 и во 21:30.

Откако 1.060 функционери добија покачување на платите од 78%, Бесими вели не е најповолно време за зголемување на платите за работниците, бидејќи ќе се зголемел дефицитот во буџетот

Инфлацијата е намалена, но и натаму е двоцифрена, владините мерки, според Бектеши, дале резултат

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе