Под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максимумот од 30 до 37°C.
Информација од ова утро 23.6.2026
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
8 Лазарополе, 2 Претор.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
