Спорт Фудбал

Ретклиф се поблиску до преземање на Манчестер Јунајтед

Британскиот милијардер и сопственик на компанијата ИНЕОС, Џим Ретклиф се смета за најсериозен кандидат за преземање на Манчестер Јунајтед.

И покрај фактот што катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал Тани е подготвен да плати пет милијарди фунти за 100% од акциите на клубот, семејството Глејзер сепак е поблиску до понудата на Ретклиф кој нуди купување најмногу 80 отсто, а останатите 20 ќе останат во сопственост на актуелните сопственици на клубот.

Неофицијално браќата Џоел и Аврам Глејзер веќе имале средба со Ретклиф и ветиле дека тие ќе му помогнат во целиот процес на преземање.

Ретклиф во првата понуда бил подготвен да откупи 69 проценти, но во втората рунда од процесот тој понудил купување на дополнителни 11 отсто со што ќе се исполни желбата на семејството сепак и натаму да има удел во Манчестер Јунајтед.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија во текот на следниве денови се очекува и официјално соопштение во кое семејството Глејзер ќе ја објави одлуката за новиот сопственик на клубот од Олд Трафорд.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе