Ракомет Спорт

Ракометарките на Куманово го освоија трофејот во Купот

Ракометарките на Куманово по трет пат во историјата успеаа да го освојат пехарот во Купот на Македонија.

Во неизвесен натпревар Кумановки забележаа победа над Вардар со 32:31 и по во третиот настап во финалето успеаа да стигнат до третиот трофеј во клупската историја.

Куманово беше во водство во текот на скоро целиот натпревар и на моменти имаше предност од пет погодоци, но Вардар успеа да се врати во мечот и во еден момент со серија од 6:0 успеаа да стигнат до водство од 20:19.

Сепак во продолжението Куманово повторно го презема водството и стигна до предност од 29:26.

На 40 секунди пред крајот на мечот двата тима влегоа израмнети, а резултатот беше 31:31

Сепак на осум секунди пред крајот на натпреварот Куманово успеа да постигне погодок за победа.

Најефикасна на теренот со 11 гола беше Бразилката во редовите на Куманово, Андреза на спротивната страна Стефановска десет пати се запиша во листата на стрелците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе