Спорт Фудбал

Комити со акција за спас на ФК Вардар: За нашиот клуб, за нашата гордост, за посветла иднина

Навивачката група Комити организира акција за спас на ФК Вардар. Најверните симпатизери на најтрофејниот македонски фудбалски клуб почнаа со донаторска акција за да запре агонијата на „црвено-црните“.

Вардар се наоѓа во очајна состојба, а фудбалерите речиси цела сезона немаат добиено ниту една плата. Сопственикот Слободан Крстевски јавно призна дека повеќе не може да го финансира клубот и на Комитите им предаде 25 отсто од акциите.

Очигледно нема ништо од најавените странски инвестирори кои требаше да го спасат клубот, па Комити решија да ги преземат работите во свои раце. Тие преку апликацијата „Gofundme.com“ ќе се обидат да соберат што е можно повеќе средства за да го вратат клубот на старите славни патеки.

Секој ќе може да донира колкава сума сака, а акцијата ќе биде транспарентна и парите исклучиво ќе бидат наменети за клубот. За потсетување Вардар, заврши на третото место на табелата во Втората лига и сега ќе игра бараж натпревар со Скопје за влез во Првата лига на 21 мај во Кавадарци.

Донација за ФК Вардар можете да направите на следниот ЛИНК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе