Спорт Фудбал

Барселона има понуда од 70 милиони за Ансу Фати

Менаџерот на младиот фудбалер на Барселона Ансу Фати, Жорж Мендеш ги информирал челниците на клубот дека за неговиот клиент има богата понуда за предвремен раскин на договорот.

Според пишувањето на дел од медиумите во Каталонија, Мендеш успеал да најде клуб кој ќе плати обештетување од 70 милиони евра, сума која е добредојдена за санирање на катастрофалната финансиска ситуација.

Дваесет годишниот напаѓач веќе подолг период е незадоволен од статусот во Барселона и во последно време се интензивираа шпекулациите дека тој побарал дозвола да ја смени средината.

Во информациите не се споменува името на клубот, но се говори дека листата на заинтересирани е подолга и на неа се наоѓаат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе