Uncategorized Спорт Фудбал

Повеќе од половина Германци навиваат за Борусија

Анкетата што ја организираше агенцијата Civey покажа дека љубителите на фудбалот во Германија посакуваат конечно оваа година да биде прекината доминацијата на Баерн кој точно една деценија суверено владее во домашното првенство.

Според резултатите на анкетата 57 проценти од испитаниците навиваат за Борусија Дортмунд да ја освои шампионската титула со што ќе се прекина низата на Баварците од десет последователни триумфи во шампионатот.

Само 25 отсто од анкетираните го поддржуваат актуелниот првак додека 14 проценти од вкупниот број на учесници посакуваат титулата да ја освои трет клуб.

На четири кола до крајот на првенството Борусија Дортмунд има два бода предност во однос на Баерн, кој има и меч помалку и тоа оној со Херта што треба да го игра утре.

Последен шампион на Германија, а да не е Баерн била токму Борусија која во 2011 и 2012 година освои две последователни круни во Бундес лигата.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе