Uncategorized Вести

Здравство има желба- финансии не дава пари за набавка на „Трикафта“ тврди министерот Меџити

Министерство за здравство има желба- министерство за финансии не дава пари. Ќе има Трикафта, но не се знае кога. Во текот на неделава ке се разгледуваат опции како пациентите со цистична фиброза побрзо да го добијат лекот Трикафта, тврди министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Ние правиме се, но знаете дека тие постапки заради законските процедури се тоа. Ние не стоиме со вкрстени раце и ќе направиме се за и другите пациенти што побрзо да го добијат лекот“, вели министерот за здравство Фатмир Меџити.

Покрај борбата за лекот Трикафта, пациентите со цистична фиброза апелираа и на лошите болнички услови, па според информации на Телма терапијата се планира пациентите од Пулмологија и детската клиника да ја примаат во детската болница Козле.

„Не зависи се од нас. Има процедури, има законски рамки, има тендери. Тие работи не зависат од нас и сега не би можел да прејудицирам точно со некој законски рок. Мислам неблагодарно е тоа да го кажеме“, вели министерот за здравство Фатмир Меџити.

Незадоволни од односот на властите од Асоцијацијата за цистична фиброза најавија протест за почетокот на следниов месец. Само 12-те, најзагрозени пациенти добија Трикафта која им го смени животот.

„Тоа е лек како што го опишуваат од страна, како што слушавме дека е нешто магично стапче, навистина е така. Како што го примив лекот првите неколку часа после тоа се забележаа првите ефекти од него. Можам да кажам дека користам делови од белите дробови што претходно не сум ги користел“, вели Бојан Крстовски пациент со цистична фиброза.

Останатите чекаат владата да најде пари за лекот, а има околу 140 пациенти со цистична фиброза.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе