Вести Македонија Топ вести

Одземена лиценцата на анестезиологот од ЈЗУ Клиничка болница Тетово

Седум години нема да може да работи како доктор, анестезиологот Ваљтон Дервиши, кој на социјалната мрежа ТикТок снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Одлука за привремено одземање на лиценцата за работа донесе Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница, за што информираа преку соопштение. Согласно правните прописи, тоа е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.

  • Лекарска комора на РСМ: Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика. Докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци. Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила.

Од Лекарската комора велат дека нема да дозволат угледот на докторите да биде загрозен од неодговорно однесување на поединци во фелата.

Против лекарот, кој е во притвор, Обвинителен предлог поднесе Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово, за кривични дела – Несовесно работење во службата како и Неовластено снимање.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе