Вести Македонија Топ вести

Инспекторите ја чешлаат битолската болница по смртта на новороденчето – директорот веќе ја поднел оставката

Директорот на Битолската болница, Александар Обединковски, веќе ја поднел оставката на функцијата, по смртта на новороденчето. Се очекува министерот за здравство да ја потврди. Во моментов, во битолската болница влегоа здравствените инспектори за да испитаат дали е направен пропуст  при породувањето на 24 годишната битолчанка, која  според лекарски извори пред два дена имала тешко породување. Бебето било извлечено со вакуум, во лоша здравствена состојба, со бавни отчукувања на срцето, а обидите на лекарите за негова реанимација беа  безуспешни. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Според извори на Телма, родилката имала уредна бременост, а се јавила на преглед и ден претходно, но без породилни болки и била испратена дома.

Обединковски, нецела година по назначувањето  се повлекува по двете големи трагедии што се случија во Клиничката болница во Битола за само 20 дена, смртта на 6 годишната Јана која почина на Детското одделение по примена инфузија и новороденчето кое почина вчера два часа по раѓањето.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе