Вести Македонија Топ вести

Ѓоргиев: Гоце Делчев е постојана тема на Комисијата, но сега сме посветени на учебниците

Историската комисија никогаш не ја симнала темата за Гоце Делчев од дневен ред, но сè уште е далеку од текст за негово заедничко чествување на двете земји.

„Главна преокупација се учебниците и сакаме да ги надминеме тие забелешки за средниот век за да можеме да дојдеме многу понапред“, изјави Драги Ѓоргеив, копретседател на мешовитата македонско-бугарска комисија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев, ниту пак има сериозни дискусии околу тоа. Ние веќе рековме дека оваа Комисија не е Комисија која што треба да го реши идентитетот на Гоце Делчев. Апсолутно не е работа на комисијата во својот текст да истакне некакво свое видување за идентитетот на Гоце Делчев. И тоа нема ниту да се случи, бидејќи ако ние го славиме Гоце Делчев, тогаш славењето на таа личност треба да биде на други основи и на други вредности, а не дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин“, рече Ѓоргиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе