Спорт Фудбал

Несторовски: Одиме на победа, со три бода да ги почнеме овие квалификации

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20 часот и 45 минути против Малта ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Составот предводен од селекторот Благоја Милевски го има статусот на фаворит, но сите фудбалери во еден глас потенцираат дека во мечот влегуваат со голем респект за противникот, но со максимално залагање да стигнат до посакуваната победа.

“Се освен три бода во дуелот против Малта за нас не е добар резултат. Поквалитетни сме од репрезентацијата на Малта, не треба да криеме дека сме фаворити на овој натпревар, но во него влегуваме со максимален респект за противникот. Уште со самиот почеток треба да тргнеме со полна сила и со максимално залагање да стигнеме до трите бода”, изјави напаѓачот Илија Несторовски.

Македонија зад себе има пласман на континенталниот шампионат, а беше и на чекор до учество на Мундијалот во Катар. Оваа генерација посакува повторно да биде дел од големо натпреварување и затоа е потребно максимално залагање на секој меч во овој циклус.

“Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, заврши Несторовски.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе