Спорт Фудбал

Барди: Да одиграме најдобро што можеме и добро да ги почнеме квалификациите

Со вечерашниот дуел против Малта, фудбалската репрезентација на Македонија го отвора новиот циклус на квалификации за Европското првенство.

Фудбалерите се целосно фокусирани на првиот настап во кој влегуваме како фаворити и атакуваме на првите бодови.

“Очекувам добро да ги почнеме квалификациите. Сите сме свесни дека мора да одиграме најдобро што можеме бидејќи првите натпревари се многу важни, а воедно и многу тешки. Секогаш ќе одиме чекор по чекор. Прв предизвик во овие квалификации ни е селекцијата на Малта. Во моментов целосно сме фокусирани на овој дуел бидејќи во модерниот фудбал нема фаворити. Имаме респект кон секој противник, но тоа е само до почетокот на натпреварот. Потоа кога ќе излеземе на теренот, влегуваме со максимална сила. Играме дома, пред нашите навивачи тоа ни е голем мотив одиграме најдобро што можеме и да ги освоиме трите бода”, изјави Енис Барди.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе