Спорт Фудбал

Ристовски: Малта е ривал по мерка, би било добро да отвориме со победа

Репрезентацијата на Малта е првиот противник на Македонија во новиот циклус на квалификации за пласман на Европското првенство.

Нашата селекција се наоѓа во исклучително тешка група и токму дуелот против Малта е одлична можност почетокот на квалификациите да го означиме со победа.

“Нема да кријам, посакуваме победа над Малта. Нема да биде лесно, групата е тешка, ги имаме Англија, Италија и Украина, па Малта е ривал по мерка за да го отвориме циклусот како што посакуваме. Сега сме конечно речиси комплетни, очекувам да изгледаме добро и на теренот. Би било навистина добро да отвориме со победа”, изјави капитенот Стефан Ристовски.

Ристовски е задоволен што конечно селекторот на располагање ги има сите фудбалери и дека Македонија мора да ја искористи шансата за победа бидејќи овој циклус го отвора на домашен терен.

“Овој противник за нас е по мерка да ги почнеме квалификациите со победа и тоа е најважно во моментов. Имаме квалитетни репрезентации, два фаворити дури за освојување на ЕП. Чекор по чекор одиме, да отвориме утре со три бода што ќе ни даде мотив за следните натпревари. Долго време не можевме да се собереме сите поради повреди поради што не бевме комплетни. Мило ми е што сега сите сме тука и се надевам дека низ квалификациите ќе бидеме здрави”, заврши Ристовски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Лопетеги ќе го наследи Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе