Спорт Фудбал

Некогаш голема перспектива, сега Белгија со највисок просек на години

Пред почетокот на квалификациите за Европското првенство, Институтот за фудбалски истражувања од Швајцарија објави студија во која предмет на анализа беше просечната возраст на националните тимови.

Некогаш важеше за една од најперспективните генерации во светскиот фудбал со голем број на млади фудбалери кои сега веќе го достигнуваат зенитот, а резултатите останаа во втор план или готово и да ги нема. Репрезентацијата на Белгија со просек од 29,4 години е лидер на Стариот континент. Скоро половина од играчите се на возраст од преку 30 години, 33,8% се меѓу 26 и 29, а само 7,1% имаат под 21 година.

Втора со просек од 29,1 годна е нашиот втор противник во овој циклус на натпревари, селекцијата на Фарски Острови. Преку 29 години просек има и репрезентацијата на Казахстан која според возраста е на третото место.

Македонија е некаде  на средината со просек од 27,1 година. Скоро половина од играчите се во полна зрелост, 46,1% се на возраст меѓу 26 и 29 години, четвртина веќе навлегла во четвртата деценија од животот, а 26% се меѓу 22 и 25 година.

Од репрезентациите кои се во самиот врв на европскиот фудбал на седмото место со просечна возраст од 28,4 години е Хрватска, а веднаш зад неа се Швајцарија (28,2 години) и Португалија (28.1)

Од нашата квалификациска група Малта е лидер со просечна возраст од 27,4 години на второто место е

Македонија, а зад нас е Италија со просек од 26,4 години, а следуваат Англија со 26,3 години и Украина со 26.1.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе