Спорт Фудбал

Милевски: Го почитуваме противникот, имаме квалитет за победа

Македонската фудбалска репрезентација утре во Скопје против Малта го почнува новиот циклус квалификации за настап на Европското првенство.

Нашата селекција во овој дуел влегува како апсолутен фаворит, но селекторот Благоја Милевски потенцира дека противникот во ниту еден момент не смее да се потцени и дека со максимално залагање на теренот може да се стигне до посакуваната победа.

“Анализите што ги правевме се од нивните четири последни меча, но имаат нов селектор. Анализирани се добро играчите. Имаме квалитетна репрезентација за противник и имаме максимален респект. Сето тоа што ќе се случува утре зависи од нас самите. Ја научивме лекцијата од минатите натпревари и сметам дека сега ќе имаме повеќе успешен старт. Фаворити во денешен фудбал нема. Ќе мора да се даде максимум на секој меч. Малта е во подем, но имаме квалитет на задоволително ниво за да дојдеме до победа”, изјави селекторот на нашата репрезентација.

Предводникот на националниот тим истакна дека настапите во претходните мечеви во Лигата на нации каде не воодушевивме со резултатите беа практично подготовка за она што не очекува во овој циклус на квалификации.

“Во Лигата на нации имавме проблеми со составот, имавме дури 12 дебитанти тогаш. Ги искористивме да воспоставиме некоја хемија и од собир во собир ја креваме формата. Сето тоа што го работевме изминатата година и пол беше за овие квалификации и се надевам дека ќе почнеме да го покажуваме уште од утре. Точно е дека имавме проблем со реализацијата, но се надевам дека и таа ќе проработи”, заврши Милевски.

Дуелот против Малта се игра утре на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе