Спорт Фудбал

Милевски: Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го докажеме на теренот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи за претстојните натпревари против Малта и Фарски острови што ќе се одиграат кон крајот на овој месец.

За првите дуели од кој оној против Малта е дел од квалификациите за Европското првенство и контролниот меч со Фарски острови Милевски повика 26 фудбалери.

“Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го докажеме. Аутсајдери денеска не постојат. Ќе направиме се да тргнеме успешно во евроквалификациите. Имаме тешки противници, но поседуваме квалитет и потенцијал да се носиме. Нема предавање, а секогаш првиот меч ни е најважен. Најважно е сите да се здрави и да се стават во функција на тимот. Не можеме да сметаме на Тихо Костадинов, кој е во фаза на рехабилитација по повредата на лигаментите. Серафимов е повреден, додека Дориев не е способен да се стави во функција на тимот, а не сметаме на Тодор Тодороски поради црвениот картон со Бугарија. Спировски и Николов се со слаба форма и слаба минутажа и не се на овој собир, што не значи дека понатаму нема да бидат повикувани”, истакна Милевски.

По подолга пауза во националниот тим се враќа и Аријан Адеми кој сигурно дека ќе биде огромно засилување за тимот, кој во мечот со Малта атакува и стартна победа во квалификациите.

“Аријан Адеми е голем професионалец, расположен е да игра за Македонија, јас го очекувам да дојде на собир и да биде и понатаму со нас. Лично, сѐ најдобро му посакувам, заслужува за сѐ што постигна во кариерата и во репрезентацијата”, заврши македонскиот селектор.

Дуелот против Малта се игра на 23 овој месец на Арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

Четири дена подоцна следува контролата со Фарски острови кој исто така се игра во Скопје, а почетокот е закажан за 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе