Спорт Фудбал

Интер го враќа Лукаку во Челзи

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот не планира да го задржи Ромелу Лукаку и дека Белгиецот на крајот од сезоната ќе се врати во Челзи.

“Без разлика на неговиот учинок до крајот на сезоната, Лукаку на 30 јуни се враќа во Челзи бидејќи му завршува договорот за едногодишна позајмица”, изјави Марота.

Лукаку откако се врати на Џузепе Меаца одигра само 18 натпревари и пет пати успеа да се запише во листата на стрелците.

Дваесет и девет годишниот репрезентативец на Белгија во Интер дојде во текот на летото и за него плати сума од 12 милиони евра.

Лукаку се чини дека нема остане на Стемфрод Бриџ бидејќи менаџерот Грем Потер изјави дека тој не е во неговите планови за следната сезона и според последните информации Белгиецот може да се пресели во Реал Мадрид, кој во моментов бара алтернатива за Карим Бензема.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе