Вести Економија

За надзорот на „Бехтел и Енка“ ќе се плаќа до 300.000 од човек – а „Електро солушнс“ е фирма која се занимавала со производство на долна облека, открива 360 степени

Вртоглаво високи суми ќе се наплаќаат за ангажирањето на странските експерти кои ќе вршат надзор за време на градбата на коридорите 8 и 10 д, открива 360 степени. Но, нивната анализа на договорот кој владата го потпиша со „Бехтел и Енка“ вели дека зад тие меѓународни експерти стојат домашни кадри.

Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“.

360 степени дошле до деталите за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија ИРД – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел и Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата. Во договорот ги има имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа. Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството.

Според документите, цената на услугите на овие лица е паушал од 300 илјада евра по човек, односно вкупно за четворицата државата ќе плати 1 200 000 евра. 900 илјади евра од нив ќе поминат преку домашната „Електра солушнс“. Кога, пак, ќе се погледне збирот на сите ставки од понудата, се доаѓа до уште појасен показател дека „ИРД“, иако водечки на хартија, не е главен партнер во надзорот.  Најголем дел од 22,3 милионскиот тендер одат кај „Електра солушнс“ или подизведувачите што ги ангажирале. Тоа се околу 8,3 милиони евра.

„Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена. Документите од Централниот регистар кои ги објави „360 степени“ покажуваат дека компанијата постои 21 година. Во најголем дел од своето постоење компанијата за главна дејност имала – производство на долна облека, па кратко давала услуги во врска со информатичка технологија, пред да се вклучи во градежништво.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе