Серхио Бускетс на крајот од сезоната ќе има статус на слободен играч и по се изгледа дека нема да ја продолжи кариерата во Барселона.
Триесет и три годишниот репрезентативец на Шпанија неодамна добил извонредна понуда за преселба во САД и се чини дека ќе прифати кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.
Клубот кој е дел од МЛС лигата на Бускетс му понудил годишна плата од шест милиони евра што е двојно повеќе во однос на заработката во клубот од Камп Ноу.
Покрај Интер Мајами интерес за Бускетс покажа и Ал Наср кој би сакал шпанскиот репрезентативец да му се приклучи на Кристијано Роналдо.
Тренерот Чави од челниците на клубот побарал да се обидат да го задржат капитенот, но се поголема е веројатноста дека тој ќе ја смени средината.
ФОТО: Игор Паневски
