Спорт Фудбал

ФИФА конечно го потврди системот за СП 2026

Светската фудбалска федерација денеска конечно го потврди форматот во кој ќе се игра претстојниот Мундијал кој е на програмата во 2026 година.

На шампионатот ќе партиципираат 48 репрезентацијата, натпреварувањето ќе трае 40 дена и ќе се одиграат вкупно 104 меча.

Иако се најавуваше дека националните тимови ќе бидат поделени во 16 групи по три репрезентации, ФИФА сепак го избегна ова решение и сега е утврдено дека првата фаза ќе се игра во 12 групи по четири селекции, а место во шеснаестина финалето ќе обезбедат освојувачите на двете први мести во секоја конкуренција како и осумте најдобри кои ќе се најдат на третата позиција.

За разлика од досегашните првенства во завршницата ќе настапат дополнителни 16 селекции и најголем добитник е Африка која ќе има четири екстра места, по дополнителни учесници имаат Европа и Азија, две од Северна и Централна Америка, две од Јужна Америка и една од Австралија и Океанија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе