Откако стана се поизвесно дека Антонио Конте нема да ја искористи клаузулата во договорот за дополнителен ангажман од 12 месеци, Тотенхем е во интензивна потрага по негов наследник.
Според последните информации најблиску до клупата на лондонскиот премиерлигаш е Томас Тухел, но Германецот има само еден услов за да го преземе раководењето со екипата.
Поранешниот предводник на Челзи и Пари Сен Жермен би ја прифатил понудата за менаџерската позиција во Тотенхем само доколку во следната сезона екипата обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Покрај Тухел во конкуренција за наследник на Конте кој сигурно се враќа во Италија се поранешниот менаџер Маурисио Почетино и Пауло Фонсека.
ФОТО: Игор Паневски
