Вести Економија Најважни

Минималната плата се зголемува за 2.175 денари – во февруари за живот биле потребни 51.000 денари

Минималната плата се зголемува за 12 отсто и ќе изнесува 20.175 денари. Ова е одлуката која се донесе на денешната седница на Економско социјалниот совет со што се официјализираат измените во Законот  за минимална плата донесени во февруари минатата година.

Во април за 2.175 денари повисока плата ќе добијат околу 80 илјади работници меѓу кои се и 27 илјади државни службеници кои ќе добијат линарно зголемување на платите.

Зголемување од 12,5 отсто е според методологијата која се донесе минатата година согласно зголемувањето на платите и на трошоците за живот.

„50 проценти од порастот на инфлацијата односно трошоците за живот изнесува 7,1 процент. Трошоците за живот во 2022 година беа зголемени за 14,2 проценти според Државниот завод за статистика (ДЗС). Порасотот на нето платата во 2022 година беше 10,9 проценти а половина е 5,45 проценти. Минималната плата во 2023 година се зголемува за 12,55 проценти. Со исплата на мартовската плата во државата нема да има пониска основна плата од 20.175 денари “, објасни Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика

Претставникот на Сојузот на синдикати (ССМ) е задволен од одлуката на Владата и побара сите работодавачи да ги усогласат платите.

„Можам да се пофалам дека решението е можеби најдобро во регионот.Не зборувам за апсолутна сума на пари туку за решение кое нуди зголемување на минималната плата. Како синдикат сме годри иако сме свесни дека не е доволно во времето во кое што живееме. Сепак сметаме дека е добар почеток и добар пат како да продолжиме. Она што сакам е да ги повикам сите работодавачи како во приватниот така и во јавниот сектор да најдат сили и начин да ги усогласат платите на ортанатите вработени да не дојде до урамниловка и да немаме силно мортивирани работници “, рече Златко Цветковски, ССМ

Од организацијата на работодавачи најавија дека ќе ја почитуваат владината одлука, донесена едногласно и дека се потребни попродуктивни работници.

„Зборувавме и минатата година во овој период  дека е потребно да имаме попродуктивни работници. Да имаме млади луѓе задоволни кои сакаат да живеат во државата и млади кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор и да го поддржат начинот на функционирање на приватнио сектор со давање максимум во своето работење“, изјави Владанка Трајковска, претседател на Организација на работодавачи

Со покачувањето на минималната плата донекаде се зголемува куповната моќ на граѓаните но останува финансискиот јаз од над 10 илајди денари за четиричлено семејство каде приходите се две минимални плати со синдикалната потрошувачка кошница која во моментов за изнесува речиси 51 илјада денари.

 

Огнен Чанчаревиќ

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе