Вести Економија Најважни

И покрај контроверзните портфолија на фирмите за надзор на милионскиот проект „Бехтел и Енка“, од ЈПДП тврдат се е по закон

Изборот  на фирмите кои ќе го вршат надзорот на Коридорите 8 и 10 Д е според законот за јавни набавки. Ниту една компанија во конзорциумот немала забрана за работа или негативна референца. Ниту пак имало  документ за некое  лице од овие фирми дека  е осудувано.

Ова на брифинг со новинарите го потврдија и од ЈПДП и од министерството за транспорт, но и претставникот на ИРД.

Оваа изјава доаѓа во време кога во јавноста се изнесени контроверзни детали во портфолиото  на одредени фирми  кои ќе го вршат надзорот на овој милионски проект.

Првиот контроверзен момент е тоа што компанијата Ептиса која е дел од конзорциумот  на „ИРД инженеринг“, а кој ќе го врши надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10 Д, пред три години добила забрана од Владата да врши надзор врз градежни проекти  во земјава поради незаконско, неетичко и неодговроно  постапување во надзорот на работата на пругата Куманово- Бељаковце. Но, потоа ваквата одлука беше укината. Вицепремиерот Груби тврдеше дека е сменета сопственоста, но во документот од Централен регистар оваа компанија немала промена во поселдните 7 години.

Вториот контроверзен момент е другата фирма која треба да прави надзор, тоа е домашната Евро Консалтинг каде основач е Бранислав Димитриевиќ кој до неодамна беше и управител на оваа компанија.  За Димитриевиќ беше распишана меѓународна потерница.  Тој беше и во затвор во Хрватска, а ерменското обвинителство покрена обвинение против него за измама и нелегално преминување на граница. Тој со помош на тројца македонски дипломати бил извлечен од Ерменија.  Димитриевиќ се уште е во сопственичка структура на фирмата, но на местото управител стои името на неговиот син Зоран Димитриевиќ.

На брифингот беше посочено дека за една фирма да врши надзор  се проеврува дали е  под стечај или ликвидацијан,  дали негативни референци и дали има активна лиценца. За физичкото лице пак  дали е осудувано , законот за јавни набавки на некој начин зависи од другите држави. Ако таму се бара ваков документ,  тоа ќе важи и за тука, ако не во тој случај физичкото  лице тоа го докажува преку изјава заверена на нотар,  кадетреба да биде наведено  дека неговата држава не го бара докуменот од кривичнаста евиденција.

За надзорот на милионскиот проект и антикорупциска отвори предмет. За премиерот Ковачевски тоа не е ништо спорно и  процес нема да го заглави  проектот.

Коридорите 8 и 10 ќе чинат 1,3 милијарди евра, но плус и уште 300 милиони евра за експропријација. Сепак, надлежните не ја исклучуваат можноста тој да чини и повеќе, но може и помалку.

Неофицијално, „Бехтел и Енка“ месецов преку државниот буџет ќе го добие првиот трансфер на авансна исплата со која ќе треба да започне да работи, најпрво на делниците Тетово – Гостивар и Прилеп – Битола, а првата сума што ќе ја добие ќе биде најверојатно повеќе од 80 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе