Вести Економија Најважни Свет

Американската влада ексресно реагираше за да спречи избивање нова финансиска криза по пропаѓањето на СВБ

Капитализам кога сѐ оди како што треба, а социјализам кога не оди, американската влада интервернираше за да ги гарантира средствата на штедачите во „Силикон вели банк“. Соопштение објавено од американското Министерство за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување депозити, потврди дека заштедите на штедачите во СВБ ќе бидат целосно заштитени, и дека евентуалните загуби нема да паднат на товар на американските даночни обврзници.

Потегот на федералната влада доаѓа откако банката, еден од најголемите финансиери на технолошки стартапи во Силиконската долина, наиде на тешкотии обидувајќи се да собере доволно пари за да ги покрие загубите предизвикани од продажби на средства поради зголемувањето на каматните стапки, поради што беше затворена од страна на американските регулатори.

Затворањето на СВБ е најголемото пропаѓање на една американска банка уште од финансиската криза во 2008-та година, а американските власти дејствуваа брзо стравувајќи дека ова може да прерасне во криза која од технолошкиот сектор може да се прелее и во други.

Американскиот банкарски систем останува отпорен и на здрави основи, во голем дел поради реформите кои беа направени по финансиската криза, и кои гарантираат подобри заштитни мерки за банкарската индустрија“, се вели во заедничкото соопштение на Министерство за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување депозити.

Покрај ова, американските власти објавија и дополнителна мерка за да се гарантира довербата во банкарскиот сектор, а тоа е основање на нова програма која на банките ќе им понуди полесен пристап до средства во случај на криза.

Брзината со која федералната влада истапи да го реши проблемот изненади многу од експертите, кои веднаш почнаа да ги бараат причините за оваа блиц реакција на Вашингтон. СВБ главно финансираше технолошки стартапи и ризични финансиери, кои по правило спаѓаат во технолошката елита во Силиконската долина.

Затоа критичарите веднаш ја препознаа иронијата, владата е таа на која вообичаено ѝ е потребно многу време за да ја покрене тромавата администрација за да превземе нешто. Некои од нив отворено прашуваат дали овие технолошки елити добиваат „повластен“ третман од страна на владата, која истапува со „социјалистички мерки кога капитализмот ќе затаи.“ Според нив, тоа е причината зошто заедничкото соопштение на Министерство за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување депозити е толку внимателно напишано, и зошто претседателот Бајден веднаш излезе пред јавноста да ја оправда постапката, но и да ги увери своите сопартијци дека гарантирањето на заштедите било единствениот начин за да се спречи поголема криза.

СВБ е основана во 1983 година, но изминатава деценија доживеа невиден раст фаќајки го бранот на развој на нови и зелени технологии. Банката меѓутоа се најде под притисок кога поради високите каматни стапки мораше да собира средства преку приватни финансиери или продажба на акции. Пропаѓањето на СВБ силно одекна во Силиконската долина, а бранувањата може да се каже, се уште пошироки затоа што на многу од компаниите сѐ уште не им е јасно што ќе значи тоа за нивните финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе