Во првиот натпревар од завршниот круг од Фудбалскиот шампионат на Македонија, Силекс на домашен терен го совлада Скопје со 3:1.
Кратовци поведоа со погодокот на Александар Катаниќ уште во деветтата минута. По осум минути игра во второто полувреме Букар Хајдари израмни на 1:1.
Во 74-тата минута, Марко Ѓорѓиевски се запиша во листата на стрелците за предност на Силекс од 2:1, а конечните 3:1 на средбата ги постави истиот фудбалер со погодокот постигнат во третата минута од судиското надополнување.
Во останатите натпревари кои се играат утре се среќаваат: Брегалница – Победа, Шкендија – Академија Пандев, Шкупи – Работнички и Струга – Македонија ЃП, а почетокот е закажан за 14 часот.
ФОТО: Игор Паневски
